УЛОГА НА ДЕТЕ
uloga na dete

Улога на дете

Не доаѓам од психоаналитички правец, работам гешталт психотерапија, но често во психотерапискиот процес се среќавам со улогата на дете. Улогата на дете не се однесува само сеќавањата и искуствата што сме ги доживеале како деца, туку е многу жива, тековна улога која ја имаме дури и кога детството ќе заврши. Улога како многу други, улога на мајка, татко, брат, сестра, пријател, пријателка, професионална улога и сл. Индивидуата е една, а улогите се многу и ние постојано менуваме улоги дури и на дневна основа, некогаш свесно, почесто несвесно. Секоја улога има свој глас, свое тело, свое пројавување, свој сет на вештини, свои преференци и тенденции, па така ние сме едни и единствени, но воедно комплексни и мултидимензионални.

Зошто е улогата на дете толку моќна, долготрајна и длабоко несвесна? Во улогата на дете првенствено се складирани нашите искуства со нашите родители и семејството од кое потекнуваме, а ние сме деца на нашите родители додека сме ние живи, а не тие. Односно, со прекинување на контактот со нашите родители, дали поради смрт или од други причини, улогата на дете не престанува да постои, како растеме, се развиваме, старееме, се менуваме и низ оваа улога на деца на нашите родители. Некои нешта ни се дадени да ги видиме на одредени години и после одредени искуства, развојно детерминирани. Како ние се менуваме, се менуваме и во оваа улога на дете. Односно, после извесно време кога самите ќе пораснеме и станеме возрасни, ја добиваме моќта и одговорноста како ќе се однесуваме кон детето во нас, дали ќе бидеме уште еден во низата возрасни кој ја повторува приказната или ќе развиеме капацитет за грижа и ќе направиме избор за себе, различен од тоа што најчесто ни било сервирано кога сме биле деца.

Понатаму, кога сме деца сме зависни од старателите и средината и физички и егзистенцијално и психолошки и социјално. Тоа е нееднаква позиција на моќ. Односот дете-возрасен е по природа нееднаков на план моќ. Затоа како деца сме и повеќе отворени и повеќе вулнерабилни и токму затоа нештата имаат поголем импакт врз нас. Но моќта на детето воедно лежи во оваа отвореност и вулнерабилност која ни носи квалитети како наивност, љубопитност, верба, доверба, невиност, креативност, капацитет за поврзување. Квалитети кои подоцна во животот учиме како да ги вратиме за да си ја најдеме среќата, задоволството, исполнетоста, смислата. Нема дете кое се раѓа затворено, круто, ригидно, животот и искуствата со другите ни го прават тоа. Детето базично верува и сака да се поврзе затоа што инстинктивно знае дека е тоа во склад со неговата природа. И детето учи и дури во најнеподдржувачките средини не се откажува веднаш од контакт туку упорно се обидува да ги надмине сите препреки и да биде во склад со најприродниот човеков квалитет, да се биде во контакт. И детето има мудрост, да го избере најдоброто за себе, се мести и разместува во однос на светот околу себе, во функција да преживее. Затоа во гешталтот велиме, модификациите кои дете ги прави во контактот не се отпори, не се застои, тие се креативна адаптација на условите во кои се наоѓа и во моментот кога се креираат се најдоброто можно решение за заштита.

Проблемот настанува кога ќе помине детството, човек ќе порасне, условите ќе се сменат, човек ќе стане одговорен за самиот себе и несвесно ќе продолжи да ги прави истите избори, од улога на дете. А колку механизамот на модификација и адаптација бил позначаен и поспасоносен во дадената ситуација, толку подолго останува со нас и несвесно грчевито се држиме за него како давеник за сламка, иако одамна сме излезени од водата.

Она што често се случува е одредени ситуации или релации да бидат за нас тригер и да не допрат токму во оваа улога на дете и одеднаш да се почувствуваме како да сме пак назад на истото место, најчесто место на немоќ, како да ги губиме сите знаења, умеења, вештини кои години напорно сме ги граделе и стекнале и повторно стоиме слаби пред светот, немаме граница и нештата допираат длабоко во нас. Затоа што улогата на дете е жива во нас и секој тригер делува како временски портал, се додека човек не стане свесен што се случува, не го запознае детето во себе и не научи да се препознава во улога на дете. Секое дете сака да биде видено, така и детето во нас. Кога ќе го видиме и препознаеме за него може да се погрижиме, најдобро што умееме од улога на возрасен, за да може да ни се врати мирот, спокојот, вербата, креативноста, возбудата и желбата за живот.

Павлина Михајловска

Психолог/ психотерапевт

Есенција

X