На терапија
na terapija за веб

На терапија

Психотерапијата се уште бара место во нашето општество од каде што може да биде добро и соодветно видена, препознаена и да биде исползувана нејзината корисност.

Низ болничките лавиринти често се губат луѓе чии проблеми (или последици од проблемите кои ги имаат) во значаен дел се од психолошка природа  т.е. нарушен баланс во менталното здравје. Физичкото и менталното здравје не функционираат засебно, тие се поврзани во една целина-човек. Така што нарушеното ментално здравје носи последици по физичкото здравје. Менталното здравје го нарушуваме со тоа што ги игнорираме, потиснуваме или несоодветно ги третираме сигналите кои ни ги праќа организмот во форма на поинтензивни емоции, се поприсутни мисли кои не вознемируваат, стравови, честа возбуда, телесни симптоми како често препотување, тресење на раце, срцебиење, несоници, намалена желба за работи кои до скоро ни носеле среќа, повлекување  од разни настани, ситуации, луѓе итн. Дисбалансот во менталното здравје често знае да се појави после или за време на животна криза, трагедија или долготраен стрес.  

Последиците кои телесно се манифестирале точно е дека треба да се третираат со медицина и фармакологија која е одговорна за физичкото здравје. Но, за соматизираните проблеми, причините кои доаѓаат од психолошка природа се третираат различно. Се третираат со психотерапија. Во психотерапија не е клучно „апчето“. На терапија се трага по волјата за квалитетно и функционирање со цел капацитет кој секој човек го поседува за да достигне среќа и задоволство од својот живот. На терапија се трага по освестување на застојот кој оневозможува да капациетот биде искористен.  Секој човек е со своја приказна и терапевтот ја уважува таа посебност. Многу често не ни е јасно зошто се однесуваме на одреден начин спрема некои луѓе или губиме доверба во себе или постои чувство дека сме отфрлени, неразбрани итн. Несвесно сме создале обрасци на однесување или справување со некои ситуации кои порано функционирале но, веќе не се применливи во сегашниот контекст. Прво освестувањето кога сме ги креирале и како функционираат е важен увид и напредок во психотерапискиот процес. Зголемувањето на свесноста за себе, начините  на кои  бираме да превземеме нешто или да влеземе во нешто,  да станат посвесни креираат не само подобрување на менталната состојба туку и нов стил на живот кој е поквалитетен.  Не е секогаш лесно, напротив, тешко е да се даде внимение на некои потиснати случки кои будат емоции со кои тешко се носиме или сме заборавиле дека може да ги издржиме. Затоа времето и увременувањето се исто така важни категории во терапискиот процес. Колку и кога е спремен клиентот да биде изложен на содржини кои не му се достапни до свеста. Терапевтот е одговорен да се грижи за клиентовата сигурност и да го води процесот според темпото на клиентот, а не по желбата или очекувањата свои или на клиентот „проблемот“ да се се реши брзо.  

На психотерапија доаѓа човек кој е спремен да се завземе за себе и за своето добро битисување, кој сака да превземе одговорност за себе и своето здравје. Да нaучи да препознава што е негова адекватна потреба , а која му е наметната, да става граници и да превзема одговорност за своите лични избори. За да го постигне тоа ниво значајно е да созрева емоционално. Да научи и да стане човек кој е спремен да се промени наместо да чека да се променат условите и да ги снема проблемите, да не постојат веќе лошите последици кои не му даваат мир. Психотерапиајата бара одговорност од клиентот да биде проактивен за себе, а терапевтот да е со него додека го минува и осветлува својот пат. Мотивираноста да дојде спремен да се менува на почетокот не е многу голема и постои сомничавост. Довербата која се гради низ контактот психотерапевт/клиент е значајна алка за натамошниот успешен третман.  Последиците, симптомите, проблемот поради кој првично доаѓа на терапија клиентот  се само еден дел од придобивките на целиот тераписки процес. После терапискиот процес клиентот излегува со многу поголема свесност за себе и своето функционирање како и за можностите да нешто менува доколку сака и доколку е тоа во склад со неговите потреби.  

Психотерапискиот процес се базира на контактот кој го креираат клиентот и терапевтот преку довербата која ја развиваат. Низ терапискиот процес клиентот увидува нови начини со кои го искусува проблемот за кој доаѓа на терапија. Откривајќи дел од потиснатите конфликти, желби и стравови, тој учи нови начини преку кои потиснатите содржини ќе му донесат нов квалитет во функционирањето. Тераписките сеанси се одвиваат во доволно конфорен простор кој овозможува дискреција на клиентот, се одвиваат по одредени етички и морални принципи кои на клиентот му даваат сигурност и верба во професионалецот пред кој отвара значајни теми и аспекти од својот живот. Интервалот на одржување на сеансите е еднаш неделно, а терапискиот процес трае по неколку месеци, може да се прават паузи и да се почне повторно. 

Марија Стојкоска Василевска 

психолог и психотерапевт 

Есенција  

X