Играчки за деца
deca igra za veb

Играчки за деца (бирајте со детето во Вас)

Веќе е многу јасна значајноста на играчките во развојот на децата.  До тој степен  што на секое упатство на играчките пишува што тие стимулираат и секако за од која возраст се наменети.  

Возраста за која се наменети е важна и добро е да се придржувате. Не значи дека ако за помало дете купите играчка која треба да ја има функцијата после 2 години, му го стимулирате развојот. Покрај тоа што таа играчка може да биде физчка закана (наместо предизвик) за детето (мали делови кои може да се проголтаат, несоодветна тежина…)  исто така, на тој начин детето може да се фрустрира и да развива негативни емоции  и отпори прво кон играчаката, а потоа може и кон играњето (експериментирањето) воопшто. Запомнете, играчките се за развивање на амбициите на децата, а не за остварување на истите кај родителите. 

Во другиот дел на упатствата за играчките, кој се однесува на аспектите во развојот на детето кои таа играчка ги стимулира, она што е поочигледно е стимулирањето на когнитивниот и телесниот развој (интелигенција, моторички вештини, визуелна перцепција итн.). Овие се несомнено многу важни аспекти затоа што тие го поддржуваат детето да повеќе и подобро разменува со средината и бива успешно во неа. Но, не се единствени. Подеднакво важно е да играчката го прати и емоционалниот развој на детето. Како односите меѓу родителите пред се, така и преку играта детето го развива својот емоционален капацитет. Чувствата се многу посуптилни и помалку очигледен е нивниот развој на помала возраст кога умот (мислењето) и телото многу поочигледно се развиваат. Тоа што не е толку очигледен овој развој не значи дека е поспор или помалку значаен. Напротив, важен е и брзо се одвива. За да го поддржиме нашето дете во тој развој треба да го побараме детето во нас, да ни помогне. Присетете се што  (или која играчка) за Вас значела многу и Ви носи убави емоции кога ќе се присетите на неа. Можеби била искината кукла, метално топче или дрвена лажица со која сте ги правеле магичните јадења за сите да бидат среќни… 

Емоционалниот развој на детето низ играчки: 

Во првата година играчката за бебето покрај стимулации со бои,  звуци и текстура добро би било да носи и стабилност, да не е непредвидлива, нестабилна и да не е посилна од детето односно да може да ја манипулира. 

Понатака низ развојот (втора-трета година) добро е да се внесуваат играчки кои ќе имаат поголема цврстина и појасни форми, ќе му помагаат на детето да ги прифаќа полесно границите, редот и правилата. Понатака, важна е имагинацијата. Не им нудете многу „готови“ играчки.  Дозволете да Вашето дете ги дооформи со својата фантазија работилниците, кујните, куќите… 

Полека воведувајте ги групните игри или игрите во кои детето самостојно треба нешто да заврши по некој редослед (после трета до предшколска и рано школска возраст). Откако детето ќе влезе во група со врсници и ќе го започне периодот на социјализација по извесно време ќе развие потреба да го изгради статусот во неа. Внимателно треба да се развива чувството на самодоверба, успешност и корисност. Играчки со кои што бесконечно ќе може да има обиди грешки и успех, игри кои што може да ги доведе до крај, самостојно, потенцирање на ситуации во кои е успешно како и ситуации во кои губи но, има надеж, ситуации во кои без негова помош(или вклушеност) неможе нешто да се заврши… 

 Играчките се предизвик за детето  да влезе во игра во која  со возбуда ќе искусува новини кои ќе ги задоволуваат неговите моментални потреби во развојот не исклучувајќи ја фрустрацијата но и чувството на сигурност, волја, самодоверба и љубопитност. 

Немора сите особини да ги стимулира една играчка, затоа направете избор за детето да може да најде што му треба. На тој начин детето не само што ќе са развива среќно  туку ќе ги пројави и неговите вистински, автентични афинитети кои секако родителот треба да ги види и одлучи дали и како да ги поддржи.  

Кога бирате играчка за дете вратете се кон себе и видете ја Вашата омилена играчката која сте ја имале на таа возраст и чувствата кои таа играчка ви ги дала, а Вие сте ги развивале (или не) низ животот. 

Марија Стојкоска Василевска 

психолог и психотерапевт 

Есенција  

X