Допирот на физичкото и менталното здравје
fizicko i mentalno zdravje mala web

Поделбата на физичко и ментално здравје е повеќе потреба за задоволување на човечкиот начин на размислување, за подобро анализирање и разбирање на работите што се случуваат во нас и околу нас. Вистината е дека физичкото и менталното здравје се во нераздвојна целина и се взаемо зависни.

Физичкиот начин на кој што функционира организмот и тоа како човекот се чувствува, размислува, се доживува и третира себе додека разменува со среднината е неразделна целина. Таа размена е присутна и при основниот процес за живот, дишењето. Организмот физички е одреден и на несвесно ниво да го обавува овој процес но, знаеме колку дишењето е поддршка и во доживувањето на емоциите и размислувањето за нешто што се случува околу нас. Затоа велиме „диши длабоко“ кога сме исплашени или во шок или пак кога минуваме низ тешка ситуација го задржуваме здивот, окупирани со нашите мисли па потоа воздивнуваме.  

Науката многу придонела за разбирање на оваа поврзаност, како да ги насочуваме нашите мисли додека се справуваме со некоја телесна болест во функција на поддршка за оздравување или пак како стравот и доживувањето на стресот се одразуваат врз физичкото здравје втурнувајќи не во болест.  

Оттаму постојат многу начини и методи како освестувајќи ја поврзаноста помеѓу нашето физичко и нашето психичко може да си придонесуваме за поквалитетно функционирање и посреќен живот.  

„Почитувај си го телото“ – е совет кој често го слушаме или читаме. Но, што значи тоа? 

Контактот со телото се случува кога со намера ја насочуваме нашата свест кон телесните процеси (кон биењето на срцето, градите, дишењето итн) и телесните сензации кои ги доживуваме во моментот асоцирајќи што во тој момент тие сензации ни носат на ниво на мисла, емоција, потреба, желба. На тој начин учиме како да го „слушаме“ своето тело и да делуваме во склад со „слушнатото“. Овој процес се учи се додека не стане стил на живот според кој може да кажеме за себе дека живееме во склад со себе, се прифаќаме и почитуваме целосно. 

Не секогаш животните (не)прилики ни дозволуваат да оваа комуникација психа-тело се одвива беспрекорно. Некогаш свесно, а некогаш несвесно правиме прекини. Свесните прекини, кога во име на нешто што се случува и го доживуваме како значајно (на пример потребни сме му на некој близок  или сме со ангажман кој бара континуирана посветеност), во позадина ја ставаме комуникацијата и грижата на нашето тело и себе во целост. Доколку одредиме време после кое се враќаме на себе, не се очекува да го нарушиме нашиот баланс. Но, кога несвесно ја прекинуваме комуникацијата и тоа трае подолг период постои голем ризик да влеземе во страдање кое ќе се одрази или на ментален или на физички план или и на двата.  

Колку порано ја освестиме оваа потреба за целовитост во нашето функционирање дотолку полесно ја вклопуваме во нашиот идентитет. После 30-тата година од нашиот живот кога најчесто веќе имаме изграден идентитет и јасни улоги, аспекти преку кои се пројавуваме во средината (сопруг/а, пријател/ка, дечко/девојка, син/ќерка, родител…) и професионално (работник, лекар/ка, учител/ка…) додавањето на нова улога, нов аспект во нашиот идентитет не е едноставно. Тој аспект треба да се вклопи во баланс со останатите. Може да се присетиме колку мотивација е потребна за да се одлучиме за некоја физичка активност да ја обавуваме редовно. Аспектот кој би значел „Јас сум некој кој се грижи за себе, своето тело и психа подеднакво како и за тоа што работам, со кого сум, каков сум во релација со други важно ми е и каков сум во релација со себе“ понекогаш е предизвик за личноста и често може да биде перцепиран како „не сакам да сум себичен/на“. Многу често низ психотераписката работа се сретнуваме со наметнати интроекти дека грижата за себе може да биде оценета од средината како себичност. 

Додека пак може да посведочиме дека кај помладата популација, скоро од 20тата година постои тенденција со поголема свесност и одговорност за телото преку разни физички активности и спортување. Она што го слушаме најчесто од луѓето кои активно се грижат за своето тело е „кога ќе извежбам се чувствувам поубаво, поенергизирано…“. Тоа е еден од важните начини во развивање на односот тело-психа. 

За да контактот со телото биде уште побогат и поавтентичен на нашата индивидуална природа значајно е физичката активност не ја ограничуваме само на изгледот на телото и самодовербата што повратно ја добиваме туку да се развиваме и чекор понатаму, свесност за целосно функционирање. Вклучувајќи редовна физичка активност и внимавање на начинот на исхрана се алатки преку кои можеме да го градиме и одржуваме мостот меѓу телото и психата но, исто така е значајно на тој мост го користиме постојано, проверувајќи се кои сме и како се доживуваме себе. 

Во создавањето и одржувањето на балансот тело-психа развиваме капацитет кој подразбира граници кон себе (мисли кои не демотивираат, особини кои не саботираат) и граници кон средината (што дозволуваме да не допре, да не разништа и како да филтрираме за да се штитиме). 

Што внесуваме во нашето тело и како храна и како информации од средината, физичката активност како начин да ни го обликува телото и да не ослободува од стрес се мостови за да стигнеме до посакуваната слика за себе која го вклучува и изгледот и физичката кондиција но, и личност која е самосвесна и живее во склад со себе и средината. 

Марија Стојкоска Василевска 

психолог и психотерапевт 

Есенција 

X