Дете и домашен миленик
kuce i dete111

Дете и домашен миленик

Љубовта помеѓу децата и домашните миленичиња генерално, а особено кучињата е инспиративна токму поради силината, чистоста и искреноста. Контактот кој што се случува е природен, спонтан  и ги опфаќа и детето и кучето во една целина на која останатите во средината не остануваат рамнодушни. Особините кои го базираат овој контакт и создаваат силни позитивни емоции кои се значајни за развојот на едно дете и се една од главните причини на родителите да на своето дете му овозможат да има пријател куче.

Неколку работи се значајни кога се носи одлуката да се земе куче во семејството. Семејството како систем, најважен за детето, има своја динамика која е создадена и се менува со склад со  верувањата, принципите, потребите итн на неговите членови. Доколку примањето на нов член не ја промени динамиката на начин на кој некој од членовите ќе биде унесреќен, загрозен и сл, тогаш одлуката на семејството е во склад со промената и поддржано е уживањето и креирањето на нов однос од кој сите ќе бидат задоволни. Во спротивно, доколку на пример родителите, од нивни лични причини, не се поддржани да земат куче тешко или невозможно ќе направат простор да детето слободно го прифати кучето. Подобро би било да родителите претходно свсено ги испитаат своите капацитети во поглед на чување на куче, а потоа конечната  одлука да ја донесат со детето.  

Исто така, доколку имаат можност, добро би било претходно да имаат искуства како детето се чувствува во средина со куче, средби со пријатели и роднини кои имаат куче, разговор со нив и сл. 

Возраста од која детето може да ја разбере вистински својата улога во односот со своето милениче е некаде од училишна возраст. Имено доколку целта на родителите е да детето се грижи за своето куче, возраста од кога може да тоа да го прави е кога кај него почнува да се развива чувството за одговорност кон себе и своите постапки. Тоа интензивно почнува да се развива околу училишна возраст. Секако индививуалниот пристап е најдобар така да во некои ситуации значајно и добро е да во развојот на детето се вклучи контактот со куче и на порана возраст но, она што треба секој родител да го има предвид дека релацијата на детето со кучето не треба да биде замена за некоја друга туку да се следи автентичната потреба и желба на детето.  

Одговорноста која секој родител ја носи со гордост е да на своето дете му овозможи што повеќе искуства од кои тоа ќе порасне во посреќна личност, а најдобрата проверка дали сте направиле добар избор за вашето дете е неговата среќа. Останете отворени да ја препознаете и доколку ја нема од тој да понудите нови избори и се поакативно вклучувајте го во одлуките за него.  На тој начин му ја стимулирате и отвореноста кон новини но, и одговорноста во исто време.  

Марија Стојкоска Василевска 

Психолог и психотерапевт 

Есенција 

психолог и психотерапевт 

Есенција 

X