Судбина
sudbina mala za web

Судбина

Судбина, збор каде нашата одговорност завршува. Виша сила која управува со нашите животи. Место на кое јасно ги согледуваме последиците, но не ја гледаме причината. А причина мора да постои бидејќи човекот е битие кое осмислува, нештата мора да имаат смисла, така сме создадени, трагачи, создавачи на смисла. Па ете, кога ја нема или не можеме да ја видиме, стапува на сцена судбина, па велиме, така требало да биде, така било пишано, тоа ти е судбина, од судбината не се бега. Тоа тука на Балканот, подалеку на истокот се бават со карма, длабоко вкоренет принцип на праведност, сложена мрежа на причинско-последична поврзаност меѓу делата, говорот и мислите на човекот и неговата судбина. Малку поблиску до нас уште еден нам познат збор, одомаќинет во јазикот, кој сепак потекнува од различен културен контекст – к’смет кај нас има турско потекло, а во турскиот дошол преку персискиот од арапскиот јазик. К’смет е божја воља, божја промисла.

Во кој термин и да одбереме да гледаме, ни кажува дека концептот на судбина е важен, жив концепт за човекот, кој освен што му помага да најде смисла и таму каде ја нема или не ја гледа, ни кажува дека човекот живее со овој процес, го препознава, макар само на ниво на тоа да ги трпи неговите последици.

Па за каков процес станува збор? Што знаеме од психолошки аспект на тема судбина?

Јунг, во Ајон говори за несвесната динамика, па вели: „Oна што внатре не е освестено, се случува надвор, како судбина. Кога индивидуата не ги освестува и разрешува своите внатрешни контрадикторности и конфликти, светот мора да послужи како сила и мегдан на кој ќе се одигра оваа борба.“

Како тоа се манифестира во животот на индивидуата? Ние сме во постојан процес на промена, раѓање,растење, зреење, старееење, умирање. Кога постои внатрешен конфликт, развоен или ситуационо условен, додека не се разреши, креира нешто што во гешталтот се нарекува незавршена работа, односно процес кој се одвива одново и одново во надеж дека ќе се затвори, односно ќе протече. Тој процес генерира и троши енергија од индивидуата, па луѓето многу често се доживуваат осудени на тој процес, кога ќе го освестат и можат да го препознаат имаат чувство дека им нема спас, дека е тоа бескраен циклус кој мора одново да се повторува а тие самите да го живеат одново и одново. Така не само што стануваат свесни за својата судбина, туку стануваат и осудени на истата. Сетоа тоа ни говори дека е ова процес кој ја надминува и на некој начин дури и ја блокира човековата воља и неретко свесноста за овој процес носи непријатни чувства на тага, страв, апатија, беспомошност, очај, чувства кои го ништат човековиот капацитет за поврзување и го отуѓуваат. А капацитетот за поврзување задира во нашата суштина, ние сме релациски битија по нашата природа.

Секој од нас барем еднаш го освестил овој Сизиф во себе, местото на кое беспомошно одново го турка каменот, мисија осудена на пропаст.

Можеби е светот и векот навистина една серија на бесмислени и неповрзани настани, но нам не ни е дадено тоа да го видиме и поимиме, ние ја имаме визурата на смислата и единствено низ неа гледаме.

Па што видов и научив јас низ годините поминати во терапија. Овие искуства најблиску би ги опишала како процес на самозалекување на психата. Кога сме доживеале нешто кое ги надминувало нашите капацитети за да биде обработено, дали затоа што сме биле многу мали, незрели, сме се плашеле, сме бегале, се едно, нештото бара да биде видено, обработено, да протече низ нас и да ги донесе промените, да не транформира, научи и однесе на ново место. Кога процесот не е завршен, тој не исчезнува, останува со нас да тлее, чека на капацитетот да се создаде, каналот да се отвори и да протече. Додека е несвесен, овој процес троши многу од нашата енергија за адаптација и ние не можеме да водиме квалитетен и слободен живот додека сме робови на овој процес, кој притиска, не со цел да не малтретира или казни, туку бара,од нашето внимание, простор да се одвие. Кога одново и одново се наоѓаме во иста ситуација и ги овторуваме истите грешки, тоа зборува дека процесот е жив во нас и бара разрешница, односно несвесно креираме исти околности, се наоѓаме во истата ситуација со цел овој пат да имаме разрешница, конфликтот да се разреши, животот да продолжи да тече.

Павлина Михајловска

психолог и психотерапевт

ЕСЕНЦИЈА Скопје

X