Потрагата по дом
potraga po dom за веб

Потрагата по дом

Дом, за некого чувство, за некого место, за некого куќа,стан, за некого релација, за некого пракса на која често се навраќа. Велиме телото е наш дом, земјата е наш дом, дома е каде што ти е срцето, само дома си е дома и сл.  

Чувството што ни го буди домот задира во најдлабоките човекови потреби, потребата за припадност. Дома е таму каде што припаѓаме, каде се чувствуваме безбедни и поврзани. Потребата за припадност и Маслов ја сместува во базичните психолошки потреби. Дали е толку длабока како потреба поради нашата релациска природа како битија, или поради евулутивниот запис дека преживува оној кој е во заедница, дали е поради фактот што човекот не ги задоволува своите потреби директно во контакт со природата, туку преку заедницата, дали сме создадени од ѕвездена прашина и сме навистина далеку од дома, дали постои извор, каде се е едно, од кој доаѓаме и на кој се сеќаваме? Можеме да шпекулираме но, она што го знаеме е дека човековата потреба и потрага по дом е силен двигател и во различни животни фази има различни манифестации.

Кога сме деца тоа е местото, најчесто објектот во кој растеме. Постојат истражувања кои денеска со магнентна резонанца потврдуваат дека одредени места, објекти со кои имаме силни емоционални врски, ги будат емоционалните зони во мозокот кога сме изложени на нив, што ги објаснува висцералните и недофатливи чувства на мир и припаѓање кога сме во контакт со тие стари, познати објекти, места и пракси.

За бебето дом е утробата на мајката. За детето, релацијата со мајката или примарниот негувател, со кого остварува најран атачмент. Колку сме помали, толку сме пооотворени, поприемчиви и нештата имаат поголемо влијание врз нас. Затоа многу често ова чувство во нашето искуство останува најсилно врзано токму со местото, објектот, човекот со кои прв пат сме го почувствувале припаѓањето кое ни го носи домот.

Но, не е само детството, целиот човечки живот е проткаен со оваа потрага по дом.

Во адолесценцијата социјалните релации со врсниците ни го обезбедуваат ова чувство на дом, остварувањето социјална припадност станува доминантна потреба и преокупација. Во доцната адолесценција длабоките интимни пријателства се оние кои ни го обезбедуваат чувството на дом, пријателите ни се како чувари на прачиња од нашата душа кои сме им ги довериле, низ нивните очи се гледаме себе си, имаме чувство дека не можеме без нив. Потоа партнерите стапуваат на сцена и партнерот може да биде некој кој низ релацијата ни го обезбедува чувството на дом. Потоа создаваме наши семејства и домови или животни дела и креации во кои го сместуваме огништето околу кое се раскажува нашата приказна.

Во втората половина на животот, стапуваат на сила спиритуалните потреби и пракси, па чувството на дом го наоѓаме во таа вертикална поврзаност со светот во и околу нас. За конечно да отидеме во нашиот „вечен дом“, што и да значи тоа.

Веројатно најблиското чувство со кое може да се објасни овој процес кој трае цел живот е копнеж. Можеби никогаш не го задоволуваме сосема тој копнеж, но процесот низ кој не води и следењето на неговите манифестации и трансформации е една од најубавите животни авантури. Потрагата за дом и постојаното одново осмислување на начините на кои ја задоволуваме потребата за припадност, не носи на место каде генерираме смисла и креираме живот и место за себе.

Павлина Михајловска

психолог и психотерапевт

ЕСЕНЦИЈА Скопје

X