Бесплатна онлајн работилница

ЧУВСТВО НА ВИНА КАЈ РОДИТЕЛИ

Датум: 15.04.2024

Време: 18 часот

Траење: 90 мин

Водител: Павлина Михајловска – психолог/психотерапевт

Оваа работилница е наменета за сите заинтересирани за доживувањето на вина во родителски контекст. Ќе имаме можност да разговарме за различните аспекти и манифестации на ова чувство, вклучувајќи ги причините зад него, неговите функции во релациски контекст, начините на менаџирање и справување со ова чувство, како и начините на враќање на квалитетот на релација во контакт со децата .

Работилницата ќе се одржи преку Zoom платформата и за следење на истата потребно е да обезбедите инсталирана Zoom апликација на вашиот компјутер или мобилен уред пред да се приклучите на работилницата.

За дополнителни информации или било какви прашања во врска со работилницата, ве молиме контактирајте не на: esencija.mk@gmail.com

X