За Нас

Основна дејност на Есенција е психотерапија и психодијагностика во склад со професионалните стандарди.  Пристапот кон третирање на менталното здравје вклучува свесност и јакнење на свесноста за грижа за себе од една страна, како и професионалност и континуираната едукација на терапевтот од друга страна.
Есенција директно поддржува активности за подигнување на свеста за грижата за менталното здравје преку психоедукација низ најразлични форми, работилници, предавања, медиуми итн.

Тимот на Есенција , со над 10 годишно искуство во областа на психотерапијата, го поддржува и промовира овој пристап како основа за создавање на доверба со клиентот кој е спремен да влезе во психотераписки процес на личен раст и развој.

Во тој процес клиентот ќе трага по одговори за свои животни дилеми, предизвици и потешкотии кои се манифеситираат преку различни сиптоми како, депресивност, анксиозност, панични напади или во форма на психотераписка поддршка при поминување низ животни кризи, разделби, загуби и други трауматски искуства.

Есенција има активна соработка и нејзините членови поседуваат лиценци за вршење на психолошка дејност од областа на психотерапијата од Комората на психолози на РСМ.

Носители на дејноста
на Есенција се:

maca slika

М-р Марија Стојкоска – Василевска

Гешталт психотерапевт и лиценциран психолог од Комора на психолози, ЕАГТ (Европска асоцијација за гешталт психотерапија) и ЕАП (Европска асоцијација за психотерапија).

Павлина Михајловска

Гешталт психотерапевт и лиценциран психолог од Комора на психолози на Македонија  и ЕАП (Европска асоцијација за психотерапија).

X